Британски разузнавачи: „Бахмут стана зона за убивање Руси“

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Бахмут стана „зона на убивање“ што веројатно ќе претставува голем предизвик за руските платенички сили на Вагнер додека тие се обидуваат да продолжат со туркањето кон запад, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија.

Во најновиот разузнавачки извештај се вели дека во последните четири дена платениците на Вагнер презеле контрола над поголемиот дел од источен Бахмут. Украинските сили го задржаа западниот дел од градот и ги уништија клучните мостови над реката Бахмутка, „која сега ја означува линијата на фронтот“.

„Бидејќи украинските единици можеа да пукаат од утврдените згради на запад, оваа област стана зона на убивање… Сепак, украинските сили и нивните линии за снабдување на запад остануваат ранливи на континуираните руски обиди да ги заобиколат бранителите од север и југ“, стои во британскиот извештај.

Слични содржини