Британски таблоид мора да ѝ исплати на Меган Маркл половина милион евра

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Уредникот на списанието „Мејл он сандеј“, британски таблоид, мора да исплати повеќе од половина милион евра за трошоците во судската постапка, откако го загубија спорот со Меган Маркл. Имено, тие ја нарушиле приватноста на Меган објавувајќи го нејзиното писмо упатено до нејзиниот татко.

На сослушувањето во вторникот (2 март), судијата ѝ наложи на групата Associated Newspapers да плати 450.000 фунти за да ги покријат судските трошоци. Адвокатот на војвотката од Сексас, Иан Мил, побарал 750.000 фунти.

Адвокатите на британската медиумска куќа планираат да поднесат жалба против пресудата, а адвокатот на војвотката побара по изрекувањето на пресудата минатиот месец, да се објави јавно демант на насловната страница на весникот.

Да потсетиме, Меган Маркл ја тужеше медиумската куќа Associated Newspapers, за нарушување на приватноста објавувајќи делови од ракописно писмо кое му го испратила на нејзиниот татко Томас Маркл во август 2018 година, со кого во моментов е во лоши односи.

Писмото го напишала неколку месеци по венчавката со Хари, на која нејзиниот татко не присуствувал поради здравствени проблеми. Во писмото, таа го замолила својот татко да престане да шири лажни информации преку медиумите дека во тоа време наводно ја раскинала врската со Хари.

Слични содржини