434
Министерството за внатрешни работи информира дека група тинејџери од Велика Британија сториле кражба и предизвикале опасност по јавниот ред и мир на територија на град Скопје.
Според полицијата, утрово во 05.45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“, полицајци од Полициската станица Гази Баба ги привеле Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија.
-Околу 01.50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.