Британски универзитет постави статуата од Грета Тунберг, студентите се побунија

од Stefanija Kuzmanovska

Поставувањето на статуа на Грета Тунберг на британски универзитет предизвика контроверзии бидејќи студентите и синдикатот на вработените сметаат дека парите можеле подобро да се искористат во годината на пандемија.

Бронзената статуа, наречена „Направи разлика“, изработена во вистинска големина, е изработена од уметницата Кристин Чарлсворт и беше поставена на Универзитетот во Винчестер, кој е горд што на тој начин ќе ѝ оддаде почит на 18-годишниот активистка за планетата.

Студентскиот сојуз тврди дека тие 24.000 фунти можеле да се потрошат за да им се помогне на студентите.

Студентите се незадоволни

„Ние сме во годината на ковид, многу студенти немаат пристап до кампусот, многумина се обидуваат да ги следат нивните студии преку Интернет и навистина им е потребна поддршка“, изјави Меган Бол, претседател на студентскиот сојуз за Би-Би-Си.

Синдикатот на вработените во универзитетот ја осуди бескорисноста на ваквиот проект бидејќи смета дека парите можеле да бидат потрошени за зачувување на работните места и да се избегне намалување на трошоците.

Картер, сепак, објасни дека парите од една ставка не можат да се потрошат на друга и дека статуата е финансирана од фондовите.

Слични содржини