Британскиот амбасадор: Го гледав Дневникот на Сител вчеравечер. Реакциите се значајни!

од desk3
115 прегледи

Британскиот амбасадор во државава- Чарлс Гарет денеска на Твитер напиша дека не е изненаден од бурните реакции за вчерашниот Дневник на Сител во кој гостуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев.

„Го гледав Дневникот на Сител вчеравечер. Реакциите се значајни, не само затоа што е многу редок настан опозициски лидер да има настап на националните најгледани канали. Ова исто така покажува колку многу на луѓето им е важно и колку се битни принципите на медиумските слободи во демократиите, вклучително Македонија. Не сум експерт за медиуми и не би можел во детали да коментирам за синоќешната програма.

(НОВА) Демонстранти пред Сител: „Излези началниче да видиме кој лаже“

Тоа е одговорност на медиумските тела, вклучително и Агенцијата за медиуми како регулатор, чиј одговор го нотирав денес. Овие тела треба во целост да одговорат на ваквите појави за да се зајакне довербата на јавноста во медиумскиот сектор. Балансираноста и непристрасноста и почитувањето на законите се клучните принципи за одговорно и веродостојно покривање на политичките настани“, напиша Гарет на Твитер.