Британскиот министер за здравство: Идентификувана е нова варијанта на коронавирус

од Nikola Popovski
254 прегледи

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е идентификувана нова варијанта на коронавирусот.

Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, објави „Гардијан“.

„Идентификувавме нова варијанта на коронавирусот, што може да биде поврзано со брзото ширење на болеста на југоистокот на Англија“, рече Ханкок.

Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта се развива побрзо од постојните варијанти.

„Во моментов идентификувавме повеќе од 1.000 случаи со оваа варијанта, претежно во јужниот дел на Англија, иако беа идентификувани случаи во скоро 60 различни локални области, бројот рапидно се зголемува“, рече тој.

Ханкок изјавиl дека Светската здравствена организација е информирана за тоа.

Според него, не постои ништо што ќе сугерира дека ова ќе предизвика посериозна болест.

Слични содржини