Британскиот премиер повика на откажување на пропалестинскиот марш во Лондон

од Radmila Tasevska

Британскиот премиер Риши Сунак денеска ги повика организаторите да го откажат пропалестинскиот марш планиран во Лондон во сабота, на Денот на примирјето од Првата светска војна.

Илјадници луѓе се очекуваат на митингот на кој ќе се бара итен прекин на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

„Сметаме дека планирањето собир на Денот на примирјето е провокација и израз на недостиг на почит. Ги повикуваме организаторите да го преиспитаат нивниот план“, изјави еден од портпаролите на премиерот.

Тој додаде дека „Владата внимателно ќе го проучи секое барање од полицијата за забрана на маршот“.

Лондонската полиција во понеделникот повика на „преиспитување“ на одржувањето митинг, велејќи дека е несоодветно следниот викенд да се организира таков марш.

Слични содржини