Британскиот премиер заострува закони за терористички осуденици

од Aleksandar Petrovski
157 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон најави построги закони за терористички осуденици по нападот во Лондон извршен од осуден за исламистички тероризам пуштен од затвор прерано, а кој дури и својата девојка ја наговарал да ги убие родителите.

Судеш Аман (20) затворен во 2018 година за „злосторства поврзани со исламистички терористички активности“ бил отпуштен од затвор на половина од тригодишната казна. Полицијата го затрела откако избоде луѓе на лондонска улица.

– Ќе објавиме понатамошни планови за измени во системот по прашање на обвинети за терористички дела, изјави Џонсон.

Британсkите политичари неколупати повикаа законите за осомничени поврзани со тероризам да се заострат. Тој повик доби на интензитет откако во ноември поранешен затвореник уби две лица и рани уште три пред полицијата да го застрела во близина на мост во Лондон.

Аман беше во затвор поради промовирање насилни исламистички материјали, па дури и својата девојка ја охрабрувал да им ги отсече главите на своиоте родители. Бил под надзор во време на нападот.

Слични содржини