Организаторите на Австралија опен го затворија турнирот за гледачи во следните пет дена поради големиот страв од британскиот вид на корона. „Овие ограничувања се воведуваат за да можеме што побрзо да реагираме против најзаразниот, најбрз вид на коронавирус што некогаш сме го виделе“, рече премиерoт на државата Виктороја Даниел Ендрус.
Државата во која се одржува Ози Опен се одлучи за нов „полициски час“, кој ќе трае пет дена, а ќе започне во петок во 23:59 часот по локално време.
Австралија опен ќе продолжи да работи непречено, но се додека не заврши „затворањето“, публиката нема да биде на терените. Исто така, во комплексот ќе има помалку вработени отколку претходно, а здравствените институции ќе ја следат состојбата.
За време на пет дена карантин, Австралија опен и други спортски настани ќе бидат дозволени (без публика), бидејќи професионалните спортисти се сметаат за „неопходни работници“ според новите правила на Викторија.
Организаторите на турнирот изјавија дека гледачите кои купиле билети за некои од следните пет дена ќе добијат целосен поврат на парите.
Првиот човек на Викторија, во која е сместен и Мелбурн, Даниел Ендрус, вели дека се воведува „полициски час“ за да се спречи ширењето на „крајно заразното“ британски сој на коронавирусот.
Да потсетиме, играчите кои отпатуваа во Австралија за да се натпреваруваат на првиот Грен слем во сезоната мораа да поминат низ двонеделен карантин по пристигнувањето.
На Австралија опен претходно му се закануваше еден случај со корона, кога еден од работниците во еден од хотелите каде отседнаа учесниците на АО доби позитивен тест, но на крајот сè помина без последици.
Мелбурн минатата година помина повеќе од 100 дена во строг карантин за да се справи со пандемијата на коронавирус.
Statement from the #AusOpen, confirming the tournament will continue with no fans till Wednesday (included) pic.twitter.com/jVH5j62nsL
— José Morgado (@josemorgado) February 12, 2021