Британскиот вид на коронавирус е откриен во главниот град на Австрија, Виена.
Во дом за стари лица, Агенцијата за здравје и безбедност на храна (АГЕС) со детална анализа го утврди британскиот вид кај пациентите.
На почетокот на јануари, за прв пат во Австрија, британскиот вид беше докажан кај четири лица и постои сомневање дека се појавил во провинциите Салцбург и Тирол.
Во виенскиот дом за стари лица, кој не е под администрација на градските власти, од минатите празници се забележува почеста појава на инфекција со коронавирусот.
Од 101 станар, 42 се разболеле, што ги предупредило надлежните органи да направат подетална проверка, јавува агенцијата АПА.
Инаку, повеќето станари немаат или имаат само лесни симптоми на болеста.
Во домот за стари лица, откако беше утврден новиот вид на вирус, воведена е забрана за посета и примање на нови станари.