Зимата ќе донесе промена во условите на конфликтот, вклучувајќи помалку офанзиви и повеќе статични одбранбени линии и поголем ризик од дефект на оружјето, тврди министерството за одбрана на Велика Британија.
„Промените во дневните часови, температурата и времето ќе претставуваат уникатни предизвици за борбените војници. Намалувањето на дневната светлина ќе резултира со помалку офанзиви и повеќе статични одбранбени линии“, се вели во најновиот извештај на британското разузнавање.
„Како што се намалуваат температурите, силите без зимска облека и сместување најверојатно ќе претрпат повреди од студ“, додаде Министерството.
„Зголемените врнежи, брзината на ветерот и снежните врнежи ќе претставуваат дополнителни предизвици за и онака нискиот морал на руските сили и исто така ќе претставуваат проблеми за одржување на опремата. Основните вежби како што е чистењето на оружјето мора да се прилагодат на условите и се зголемува ризикот од дефект на оружјето“, се заклучува во извештајот.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 14 November 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/XkaDUtCMFV
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/HyQ3c9kxSv
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) November 14, 2022