Руските трупи одбиваат да се борат, а армијата страда од „низок морал“, објави денеска британското министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај.
Британците тврдат дека одбивањето да се борат „веројатно го одразува недостатокот на обука, мотивација и многу стресни ситуации со кои се соочуваат руските сили долж целиот украински фронт“. Двајца војници во последните денови беа осудени на најмалку две години затвор бидејќи одбиле да ја послушаат наредбата да се вратат во Украина.
Тие се меѓу речиси 100 војници кои секоја недела се затвораат затоа што одбиваат да се борат. Британското министерство за одбрана тврди дека Русија ги ублажува загубите „со испраќање маси слабо обучени војници на линијата на фронтот“.
„Од делумната мобилизација во септември 2022 година, Русија го адаптираше својот пристап кон војување користејќи маса за офанзивни и одбранбени операции“, наведува британското разузнавање.