363
МВР информира дека доцна синоќа дошло до физички инцидент во центарот на Скопје, во кои биле вклучени странски државјани. Според полицијата, било констатирано дека И.Л.Т.(48) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир на јавно место со карање, викање и дрско однесување, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
-Во соопштението од МВР стои дека исто така и Н.Ј.Д.(34) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир и постапил спротивно на наредба на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, стои во полицискиот билтен.
Од полицијата додаваат двајцата биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.