Главните медицински советници во Обединетото Кралство во понеделникот препорачаа децата на возраст од 12 до 15 години да ја примат првата доза на вакцината против Ковид-19, повикувајќи се на полесна имплементација на учебната година.
Препораката на ЦМО го отвора патот за почеток на вакцинација на деца од таа возраст во Обединетото Кралство, откако Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (ЈЦВИ) претходно овој месец одби да го советува.
САД, Израел и некои европски земји веќе започнаа да ги вакцинираат помладите генерации, правејќи притисок врз британската влада да го стори истото.
Лекарите од ЦМО веруваат дека вакцинирањето на децата ќе го олесни одржувањето настава во училиштата.
„Затоа, врз основа на јавните здравствени интереси, им препорачуваме на министрите да ја прошират понудата за вакцинација со прва доза на Фајзер/Бионтек на сите деца и адолесценти на возраст од 12 до 15 години, кои во моментов не се опфатени со препораката на ЈЦВИ“, велат советниците.
Британската влада мора формално да одговори дали ќе ја послуша препораката, иако некои министри претходно ги поддржуваа вакцинациите за млади. Веќе може да се вакцинираат ранливи групи деца.