Британците се обложуваат за името на синот на Хари и Меган

од Vlatko K
116 прегледи

По веста дека војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган добија син, граѓаните на Велика
Британија почнаа масовно да се обложуваат, кое име ќе му го дадат на новороденчето.
Бидејќи имињата Диана и Алегра не се повеќе во оптек, оти се роди момче, граѓаните се
обложуваат на Александар и Оливер.


Сепак, во моментов најпопуларен избор е Артур, со коефициент пет наспроти еден, но и Филип со
шест наспроти еден.

Во кралската лоза, името Артур се појавуваше неколкупати, а во негово име го има и малиот син на
принцот Вилијам, принцот Луис.

Алберт е најпопуларно име во кралското семејство, а во играта се појавува и името Џејмс, кое во
моментов има коефициент осум наспроти еден. Имињата Александар и Алфред имаат коефициент
10 наспроти во еден.

Некои од имињата, кои најверојатно нема да бидат избрани, а на кои граѓаните се обложуваат, се
Доналд со коефициент 1.000 наспроти еден и Епл (200 наспроти еден).

Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера соопштија дека се уште не донеле одлука за името
кое ќе му го дадат на нивниот прв син, но дека имаат неколку имиња во опцијата.