Британците воведуваат доживотен затвор за возачите кои ќе усмртат лице на патиштата

од Nikola Popovski
217 прегледи

Возачите во Велика Британија кои ќе усмртат некого со возило би можеле да добијат доживотен затвор, врз основа на измената на Законот за полиција, криминал, казни и судови што стапува на сила во вторник.

Според Би-Би-Си, според изменетиот закон, судиите ќе можат да изречат доживотни казни за опасните возачи кои усмртиле некого во сообраќајот и возачите кои тоа го сториле под дејство на дрога и алкохол. Максималната казна за оние кои ќе предизвикаат сообраќајна несреќа во моментов е 14 години.

„Одговорните сега ќе се соочат со можноста да живеат зад решетки“, изјави британскиот министер за правда Домини Раб.

Со новиот закон се воведува и ново кривично дело нанесување тешки телесни повреди со несовесно возење. Тоа значи дека возачите кои некому ќе нанесат долготрајни или трајни повреди ќе бидат казнети и со построги казни. Предложената измена на законот првпат беше објавена во 2017 година.

Зголемувањето на висината на казните ќе се однесува на прекршоци во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска, која има посебни закони за безбедност на патиштата.

„Премногу животи се изгубени поради несовесно однесување зад воланот… Семејства се уништени“, додаде министерот Раб.

Слични содржини