Бритни објави фотографија од детски череп, обожавателите вознемирени

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Бритни Спирс сподели фотографија од жена на Инстаграм, како од викторијанската ера. Жената на фотографијата е завртена со грб и има бебе во рацете од кое се гледа само главата – поточно голиот череп.

„Ѓаволот е во деталите… Не би сакала ова бебе да ме удри уште еднаш“ (Devil is in the details…. wouldn’t want this baby to hit me one more time), напиша Бритни.

Можеби станува збор за шега што се однесува на нејзиниот хит од 1998 година Baby One More Time.

Како и да е, следбениците на Бритни не го разбраа тоа на тој начин, туку во коментарите започнаа дискусија за нејзината ментална состојба и какви се сите значења зад оваа фотографија.

Слични содржини