Бритни покажа колку ослабела: „Мислам дека порано бев посреќна“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

ОТКАКО дојде до голем пресврт и Џејми Спирс, таткото на познатата пејачка Бритни, одлучи да се повлече од функцијата нејзин старател, таа го искористи денот да зборува за нешто друго за кое размислува – лицето.

Пејачката објави неколку фотографии од своето лице и откри дека не е обожавателка на нејзиниот нов изглед. Имено, откако ослабела, таа е видно потенка во лицето, што не и се допаѓа.

„Навистина е чудно што кога и да се обидам да ослабам, почнувам да слабеам прво во нозете, потоа во стомакот, а потоа и во лицето. И дури тогаш знам дека навистина сум ослабела“, напишала таа.

Таа објави една постара и една понова фотографија за да покаже за што зборува.

„Не сум сигурна дека ми се допаѓа. Порано, кога жените беа „потешки“, тие се сметаа за попривлечни за мажите, бидејќи тоа беше знак на богатство. Имам снимки од неколку танци од ова лето, каде што изгледав потешко, а тоа е чудно што мислам дека тогаш беше посреќна“, објасни таа, па се извини за она што го напиша.

„Извинете за плиткиот разговор за тежината, но сакам да го знаете тоа. Бог да ве благослови“, заклучи Спирс.

Бритни вообичаено тренира со своето момче, тренерот Сем Асгари, и тие сметаат дека менталното и физичкото здравје се поважни од се.

Слични содржини