Бритни Спирс се мажи денеска: Сите детали од интимната церемонија

од Stefanija Kuzmanovska

Бритни Спирс е подготвена да стапне на лудиот камен и да се омажи за својот вереник Сем Асгари на интимна церемонија која наводно ќе се одржи денеска.

Извори блиски до пејачката за „ТМЗ“ велат дека парот ќе се венча денеска пред многу ексклузивна и мала листа на гости од околу 100 луѓе. Им било кажано дека братот на Бритни Спирс – Брајан, ќе биде присутен – но нејзината мајка, татко и сестра Џејми Лин нема да бидат таму.

Изворите велат дека се уште не е одлучено кој ќе ја „предаде“ Бритни пред олтарот, затоа што се уште се разработуваат последните детали.

Бритни објави видео од себе со Сем во кое се целосно дотерани и се подготвени за венчавката додека возат низ градот и пијат шампањ.

Венчавката наводно била планирана со месеци… Сем ја запроси Бритни уште во септември, набргу откако беше фотографиран како купува прстен.

Слични содржини