Бритни Спирс упати сериозни обвинувања кон нејзината мајка

од Vladimir Zorba

БРИТНИ СПИРС е под старателска грижа од 2008 година, кога загриженоста за нејзиното ментално здравје го натера нејзиниот татко да поднесе барање до судот за законско овластување над животот на неговата ќерка.

Тоа е форма на законско старателство што вообичаено им се доделува на луѓе кои не се во можност сами да донесуваат одлуки, како што се оние со деменција или други ментални болести.

Кој навистина ги држеше конците?

Бритни Спирс изјави дека ја обвинува нејзината мајка за стартаелството со кое го контролира нејзиниот живот 13 години. Нејзиниот татко Џејми беше формално задолжен за нејзините лични и финансиски работи. Сепак, пејачката тврди дека тоа било идеја на нејзината мајка Лин. „Она што луѓето не го знаат е дека мајка ми му ја дала идејата“, рече таа. „Никогаш нема да ги вратам тие години… тајно ми го уништи животот“.

Во сега избришаната објава на Инстаграм, таа продолжи: „Знаеш точно што направи. Татко ми не е доволно паметен да размислува за старателство, но вечерва ќе се насмеам знаејќи дека има нов живот пред мене“.

Објавата на Бритни се чини дека е поттикната од нејзиниот татко кој барал „итно“ и „безусловно“ прекинување на должноста за заштита. „Џејми ја сака и ја поддржува својата ќерка безусловно. Точка“, велат неговите адвокати во судските документи, до кои дојде Би-Би-Си.

„Факт е дека пред 13 години, надзор беше неопходен за да се заштити Бритни во секоја смисла на зборот. Нејзиниот живот беше во неред, а таа беше во физичка, емоционална, ментална и финансиска неволја“, објаснуваат адвокатите. „Преку старателство, Бритни успеа да се врати на патот кон стабилност во сите овие фази од нејзиниот живот. Мисијата беше успешна и сега е време Бритни да ја врати контролата врз својот живот“.

Адвокатите на Спирс рекоа дека барањето дојде без „никакво предупредување“ и дека ќе ги предадат сите документи поврзани со договорот, додавајќи дека „нема што да се крие“.

Во своето соопштение во вторникот, Бритни го именуваше и нејзиниот поранешен деловен менаџер Лу Тејлор како асистент во оркестрирањето на старателството. Ниту таа, ниту Лин Спирс не одговорија на коментарите.

Старателството беше под интензивен надзор, а по години молк, пејачката конечно ја сподели својата перспектива во експлозивна 23-минутна изјава пред Врховниот суд во Лос Анџелес во јуни.

Означувајќи го старателството како „навредливо“, 39-годишната жена тврдеше дека била дрогирана, принудена да дејствува против нејзината волја и спречена да има деца.

„Само сакам да ми се врати животот“, му рекла таа на судијата Бренди Пени по телефон, пишува Би-Би-Си.

Слични содржини