Бритни Спирс уште еднаш го победи својот татко на суд

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Во средата, судијката Бренда Пени одлучи дека Бритни Спирс нема да мора да одговара на прашањата на адвокатот на нејзиниот татко во исказот.

Таткото на пејачката, Џејми Спирс, побара од судот да дозволи Бритни да сведочи и повторно да биде сослушана, за да го сврти текот на судењето во негова корист.

Во својата одлука, судијката Пени рече дека деталите што ќе произлезат од сведочењето нема да му помогнат на случајот.

„Многу сме задоволни, но не и изненадени што судијката Пени ја потврди нејзината промислена и правно исправна пресуда, уште еднаш отфрлајќи ги срамните и очајнички напори на г-дин Спирс да го добие исказ од неговата ќерка“, рече адвокатот на пејачката, Метју Розенгарт во изјавата за списанието People, а потоа додаде:

„Секој пристоен човек, особено татко, би ги прифатил своите загуби и само би продолжил понатаму“.

Розенгарт, исто така, на суд тврдеше дека ова потенцијално сведочење ќе биде нов извор на траума за Бритни Спирс.

Да потсетиме, на крајот на минатата година Спирс беше ослободена од старателството на нејзиниот татко, кое траеше цели 13 години. За тоа време нејзиниот татко Џејми ги носеше речиси сите одлуки наместо неа и ја злоупотреби нејзината огромна популарност. Откако судот му го укина старателството, тој рече дека неговата единствена цел била да ѝ помогне на ќерката да ја обнови својата музичка кариера.

Слични содржини