167
Премиерката Ана Брнабиќ денес ги покани невладините организации, кои се дел од Националната конвенција, да проговорат за тортурата што ја доживуваат Србите на Косово.
На седницата на Националната конвенција во Собранието на Србија, Брнабиќ посочи дека во овој момент секој треба да се потруди да го зачува мирот.
„Ние сме на работ на вооружен конфликт благодарение на едностраните потези на Приштина. Граѓански организации, ве молиме да се изјасните за тортурата што ја доживуваат Србите на Косово. Мора заедно да го зачуваме мирот“, рече Брнабиќ.