139
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ се уште не донел одлука да оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, но смета дека е важно да се оди таму, бидејќи никој нема кредибилитет и не може да се соочи со лицемерие како него.
„Како човек можам да ја разберам дилемата што ја има Вучиќ“, рече синоќа премиерката во „Хит твит“ на ТВ Пинк и додаде дека често се прашува „како човек има такви нерви, толеранција и трпение како Александар Вучиќ и дека на тој начин се бори и се изборува за некои работи за Србија и Србите на Косово“.