Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека има членки на Европската унија кои се апсолутно против проширувањето на ЕУ, но тие не го кажуваат тоа отворено, туку декларативно се залагаат за тоа.
„Што и да направите, дури и во случајот со Северна Македонија, која го смени името на земјата, повторно нешто има“, рече Брнабиќ на самитот на Австрија-Западен Балкан во Виена.
Таа верува дека тоа е „политичка игра“ што ќе биде контрапродуктивна, бидејќи „луѓето што постојано ги критикувате, ќе се изморат во еден момент и ќе речат – без оглед што да правам, нема сигнал“.
„Реков дека би било многу поискрено за одредени членови да кажат – нема проширување и тоа е тоа“, рече Брнабиќ.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц е домаќин на самитот на кој учествуваат лидерите на Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.