Кој и да победи на претседателските избори во САД, ќе биде наш партнер, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.
„Не е наш избор, туку избор на граѓаните на САД. Наш избор е Србија и најдобра можна соработка со САД“, рече Брнабиќ, одговарајќи на прашањето на новинарите пред основното училиште „Кнегиња Милица“, каде присуствуваше на донацијата за паметни клупи.
Таа спомена дека Србија направила доста големи чекори во градењето добри односи со САД, дека треба да се почекаат резултатите од изборите во Америка, но исто така изјави дека Србија има одлична комуникација со сегашниот претседател Доналд Трамп, кој се кандидира за втор мандат со неговиот противкандидат, демократот Џо Бајден.
„Наша работа е да ги заштитиме нашите интереси“, заклучи Брнабиќ.