Брнабиќ: Не очекувам ништо од разговорите во Брисел, Курти нема желба

од Vladimir Zorba

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ рече дека се надева на „конструктивен пристап“ во претстојните разговори меѓу Белград и Приштина на 18 август во Брисел, кога треба да се сретнат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, но дека „не очекува ништо добро“.

„Не гледам простор со Курти бидејќи тој не сака да разговара. Ме плаши и тоа што високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел рече дека не можат да ја принудат Приштина на ништо. Но, за што тогаш ние зборуваме кога ЕУ е гарант на Бриселскиот договор“, изјави Брнабиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).

Како што наведе таа, Србија со години чека да се формира Заедницата на српските општини, „но не во согласност со таканаречениот косовски Устав, туку како што е договорено во Брисел“.

„Тоа е многу тешка ситуација, никогаш потешка и ризична, мораме да го зачуваме мирот, но никогаш не било поопасно“, изјави Брнабиќ.

Таа изјави дека специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, вели дека ЗСО мора да се формира во согласност со „т.н. косовски закони“.

„Ако е така, тогаш навистина немаме за што да разговараме. Тој таканаречен уставен суд на Косово рече дека начинот на кој е договорена ЗСО во Брисел не е во согласност со неа, па тоа би значело прилагодување на веќе договореното и гарантирано од ЕУ“, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека тоа би значело дека бриселскиот договор „веќе не важи во пракса, што би го направило дијалогот беспредметен“.

Слични содржини