Брнабиќ: „Отворен Балкан“ е отворен и за Косово

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска за време на посетата на северниот дел на Косово и Метохија изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ е отворена за сите, вклучително и за Космет“.

Мислам дека тоа е најдобриот начин да се оди кон нормализација. Верувам дека квалитетот на животот на луѓето е најважен и кога сите заедно ќе овозможиме тој квалитет да биде подобар, да се отворат работни места, младите да видат некоја перспектива, тогаш можеме да разговараме и за прашања за со кои не се согласуваме или имаме сосема спротивни ставови – Брнабиќ одговараше на прашања на новинарите, меѓу кои и дали Приштина е добредојдена во иницијативата Отворен Балкан.

Таа истакна дека е во посета на Косово ден по затворањето на најголемата манифестација на саемот на вино во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ и додаде дека собирот покажал како изгледа соработката.

– Покажавме како изгледа кога ќе се свртиме кон соработка, дека и покрај тоа што не се согласуваме за некои важни работи, можеме да соработуваме и да обезбедиме подобар квалитет на живот и поинаква иднина на овој наш Балкан – рече Брнабиќ.

Таа го изрази своето задоволство што на последниот самит учествуваа и претставници на Црна Гора и Босна и Херцеговина и дека се надева дека наскоро ќе се приклучат и овие земји.

Слични содржини