Брнабиќ: Прислушувањето на Вучиќ е обид за државен удар

од Vladimir Zorba

Прислушувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е обид за државен удар, рече вечерва премиерката Ана Брнабиќ.

– Ова е нешто што мора да се испита до крај – до секој последен шраф во тој механизам, до секој последен мотив – рече Брнабиќ во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк.

Таа истакна дека во прислушуваните материјали нема ништо што би го инкриминирало претседателот Вучиќ.

Брнабиќ додаде дека и е драго што, како што изјави, се покажало нешто позитивно во целата оваа несреќа, а тоа е што Вучиќ води правилна политика и работи во интерес на земјата.

Слични содржини