Брнабиќ: Србија ќе се врати во нормален живот од 21 јуни

од Nikola Popovski
313 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ  изјави дека верува дека нејзинат земја ќе се врати во нормален живот од јуни и дека желбата на владините претставници е да се укинат анти-епидемиолошките мерки на Светскиот ден на музиката, 21 јуни.

Говорејќи на ТВ Пинк, таа изјавила дека тоа е предлог на „индустријата за настани“ и дека во моментов е загрижена за малиот процент на млади луѓе на возраст под 30 години кои биле вакцинирани.

„(Во таа категорија на население), вакцинирани се само 12 проценти. Ќе видиме дали дотогаш ќе можеме да ја надминеме епидемијата, функционираме добро во овој момент, но бевме оптимисти и минатото лето, па бројките почнаа да растат“, изјавила Брнабиќ.

„Она што е важно за нас е луѓето да се вакцинираат што е можно поскоро. Утре доаѓаат уште Фајзер вакцини, нема проблем со тоа“, истакнала Брнабиќ.

Коментирајќи ги дигиталните сертификати за вакцинација, таа рекла дека Србија е прва или втора земја што започнала да ги применува.

Слични содржини