Брнабиќ: Вучиќ не е човек на кој му се поставуваат ултиматуми

од Stefanija Kuzmanovska
120 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека разговорите со Приштина во Вашингтон ќе бидат тешки, но дека не очекува утиматуми кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.


Таа за ТВ Пинк изјави дека политичките теми не се на дневен ред на оваа средба, но дека таквите теми се неизбежни.

„Малку сме загрижени затоа што албанските медиуми во Косово ја најавуваат оваа средба како најважен датум за Приштина или таканаречената Република Косово од едностраното прогласување на независност. Можно е да имаат некои информации што ги немаме“, рече Брнабиќ.

Таа истакна дека не очекува ултиматуми, наведувајќи дека Вучиќ „не е човек на кој му се поставуваат ултиматуми“.

Зборувајќи за однесувањето на Приштина, таа рече дека „апсолутно не ги интересираат“ економски прашања, иако тие се приоритет за сите луѓе.

Таа исто така рече дека Србија има разбирање за Америка во заложбата за економски прашања и му се заблагодари за „признавањето на агендата што Вучиќ ја туркаше со години“, споменувајќи ја иницијативата позната како мини Шенген.

„Нашиот тим што отиде во Вашингтон е крајно подготвен“, рече Брнабиќ, додавајќи дека делегацијата од Белград ја има целата поддршка од српската влада.