Брнабиќ: Вучиќ не го избра Путин, туку меѓународното право

од Nikola Popovski
465 прегледи

Српската премиерка Ана Брнабиќ му порача на поранешниот американски амбасадор во Приштина дека српскиот претседател Александар Вучиќ не го избра рускиот претседател Владимир Путин наместо Западот, туку меѓународното право, српските интереси и мирот.

„Претседателот Вучиќ не го избра Путин наместо Западот, ниту се крие зад некого, ниту пак некогаш тврдел дека „рацете му се врзани“ со нешто. Тој ги избра меѓународното право и принципи, српските интереси и мирот“, напиша Брнабиќ на Твитер.

Одговарајќи на изјавата на Филип Коснет, Брнабиќ порача:

„Тоа е лидерство. А кога станува збор за морални пораки – немој да почнувате“.

Коснет претходно на Твитер напиша дека „се чини дека Вучиќ го избрал Путин наместо Запад“, оценувајќи дека претседателот на Србија „се крие зад црквата, тврдејќи дека неговите раце се врзани од јавното мислење“.

„Тоа не е лидерство, тоа е морална кукавичлук“, рече Коснет, додавајќи дека ЕУ и САД треба да го имаат на ум тоа.

 

Слични содржини