Брнабиќ: Ако опозицијата не сака советодавен референдум, тогаш целта е да се дестабилизира Србија

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Претседателката на Националното собрание, Ана Брнабиќ денеска изјави дека доколку опозицијата не поднесе иницијатива за советодавен референдум за доверба на српскиот претседател Александар Вучиќ, тоа значи дека тие самите не веруваат во резултатите од истражувањето на CRTA и дека нивната цел е да ја дестабилизираат Србија, дополнително ја вознемируваат јавноста и создаваат притисок и тензии во општеството.

Брнабиќ на прес-конференција во српскиот парламент рече дека опозицијата има демократска можност на советодавниот референдум да ја исполни својата крајна цел и да го смени Александар Вучиќ од функцијата претседател на Србија.

„Не мора повеќе да ни се закануваат, не мора да не бркаат по улиците, не мора да пливаме во Сава и Дунав, како што ни ветија. Тие веќе не мора да ја злоупотребуваат секоја трагедија што се случува во нашата земја, да создаваат тензии и да ги вознемируваат сите граѓани на Србија, спречувајќи ја нивната слобода на движење каде и кога сакаат“, рече Брнабиќ.

Таа наведе дека советодавниот референдум е демократско решение кое е лесно и едноставно и дека покрај 100 потписи од владејачкото мнозинство, недостигаат и 67 потписи од опозицијата.

Таа додаде дека се надева дека CRTA и оние кои го нарачале истражувањето не го направиле тоа само како форма на притисок и уште еден начин да создадат дополнителни тензии и да ја измамат домашната и меѓународната јавност.

„Тие ќе го користат ова на различни конференции, на различни обраќања и во различни делови на светот, за да покажат дека во Србија нема демократија. Има демократија, ако сакате демократија. Но, нашата опозиција веќе кажа дека сака се освен демократија, дека сака да малтретира, да се заканува, да блокира и да повикува на генерален штрајк за Србија да застаане“, рече Брнабиќ.

Слични содржини