Петтиот протест „Србија против насилството“ во саботата на улиците на Белград изнесе десетици илјади луѓе кои во поворка низ централните улици на градот го опколија седиштето на Претседателството на Србија. Тие ја сметаат владата за одговорна за зголемување и толерирање на насилството во општеството, упатувајќи пораки и критики итно да си поднесе оставка.
Српската премиерка Ана Брнабиќ на Твитер објави фотографија од обесена кукла со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Kako ovo objasnite deci? Moj sin ima 4 god. Ja sam “ćale” za vas koji promovišete tolerantnije društvo – i ne znam kako bih mu objasnila. @avucic je prijatelj, otac, sin… čovek koji daje sve da 🇷🇸 bude jača. Imate drugačiju viziju – OK, ali vešanje, a borite se protiv nasilja? pic.twitter.com/knhQXxPYYF
— Ana Brnabic (@anabrnabic) June 3, 2023
„Како им го објаснувате тоа на децата? Мојот син има 4 години. Јас сум „татко“ за вас што промовирате потолерантно општество, но не знам ова како да му го објаснам. Вучиќ е пријател, татко, син… човек кој дава сè за да ја направи Србија посилн. Во ред е да имаш друга визија, но бесење, а се бориш против насилството“, напиша Брнабиќ на Твитер.