Претседателката на Националното собрание, Ана Брнабиќ денеска изјави дека оставката на претседателот Александар Вучиќ би била погубна за Србија, но дека може да разбере дека Вучиќ размислува за тоа со оглед на нападите врз него и неговото семејство.
Таа оцени дека во историјата на светската политика „омразата кон еден човек како и кон Вучиќ е без преседан“.
Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека обидите за дестабилизација и ослабување на Србија траат од 2014 година, кога Вучиќ стана премиер, а дека тие се интензивираат од 2017 година, кога тој стана претседател на Републиката.
„Тогаш оние што не ја сакаат Србија, која е самостојна, независна, економски просперитетна, која бележи успеси какви што не сме виделе во нашата историја, по претседателските избори во 2017 година сфатија каква доверба ужива Александар Вучиќ кај народот и тогаш секоја година почнуваа протестите и демонстрациите“, рече Брнабиќ.