Брнабиќ: Подготвена сум да поднесам оставка

од Stefanija Kuzmanovska
421 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, синоќа изјави дека е подготвена да поднесе оставка во секој момент и дека опозицијата може да смета на тоа.

На прес-конференцијата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, таа рече дека смета оти изборите се единствениот излез од сегашната ситуација, бидејќи опозицијата не одговори на поканата за разговор и 12 дена по повикот на претседателот Вучиќ, а дека рекле дека доаѓањето на некој од нив се смета за предавство.

„Како премиерка во секој момент сум подготвен да поднесам оставка. Најголема чест и задоволство ми беше што имав можност да ја извршувам таа должност. Имам среќа што имав можност да работам за мојата земја и да дадам се од себе. Но секако во овој момент кога општеството е во ваква криза единствен начин да се надмине е да се разговара, а тие не сакаат да разговараат. За жал, затоа сметајте дека ја имате мојата оставка на маса“, рече премиерката.

Слични содржини