Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ соопштила дека пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеала мозочен удар. Претходно, Брнабиќ изјавила дека пратеничката бил извадена од салата и однесена со возило на брза помош откако започнале инцидентите во тамошното Народно собрание.
Српската спикерка исто така информирала дека животот на Обрадовиќ е во опасност.
„А вие и понатаму свирете и викајте. Жената се бори за живот, бидејќи наместо зборови, решивте да фрлате шок бомби. Вие сè уште свирите, а една жена се бори за живот“, рекла Брнабиќ.
Во своето обраќање од претседателското столче во Собранието додала: „Не ви е гајле за човечкиот живот“ и „Срам да ви е“.
Пратеничката Обрадовиќ доаѓа од редовите на владеачката СНС.
Во моментов се уште трае хаосот во тамошното Собрание откако дел од опозициските пратеници фрлаа со јајца и димни бомби кон нивните колеги од власта.