Брнабиќ со апел да не се објавуваат снимки и фотографии од убиените деца од „Рибникар“

од Nikola Popovski
546 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска побарала да не се објавуваат снимки и фотографии од жртвите од ОУ „Владислав Рибникар“.

„Ги замолувам сите да не ги споделуваат снимки и фотографии од убиените деца од „Рибникар“ што денеска ги објавија одредени „новинари“ како Билјана Лукиќ и политичарката Рада Трајковиќ. Ова е врв на нечесност, злоупотреба и непочитување на жртвите и нивните семејства. Ве молам немојте“, напишала Брнабиќ на Твитер.

Таа предупредила дека ваквиот чин е кршење на повеќе закони, кои се однесуваат на „неовластено споделување на лични и чувствителни податоци, заштита на правото на приватност (особено во вакви тешки времиња за семејствата), како и други права“

„Тоа е и нечовечко. Има причина зошто тие фотографии се заматени“, истакнала Брнабиќ.

Наставата до крајот на учебната година во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, каде што пред дваесетина дена се случи масовно убиство, ќе може да ја следат само учениците чии родители изразиле желба за тоа. Притоа, секој родител ќе може да ја промени својата одлука во согласност со моменталните чувства на своето дете.

Слични содржини