Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ утрово истакна дека српскиот претседател Александар Вучиќ е во контакт со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за да може да се испрати сета расположлива помош, доколку е потребно.
-Би сакал да ја искористам оваа прилика да изразам најдлабоко сочувство до цела С.Македонија, особено до семејствата. Ние бевме меѓу првите кои помогнаа. Имаме авиони кои можат да помогнат… Некои пациенти се превезени и тука сме да помогнеме на секој можен начин, изјавила Брнабиќ во утринската емисија на ТВ „Пинк“.
Да потсетиме, страотниот пожар што избувна во неделата нешто пред три часот наутро зафати 500 луѓе во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожарот беа повредени 155 лица, додека 59 лица загинаа.
Гостите на „дискотеката на смртта“ се упатиле кон малиот излез кој според очевидци бил со димензии 90 на 90 сантиметри. Присутните почнале да се гушат поради големото количество чад што брзо ја наполнило дискотеката.
Полицијата потврди дека лиценците на дискотеката биле фалсификувани, а обвинителот откри дека објектот имал резервна врата за евакуација, но заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна.