413
Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави, откако шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофр, ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за Србија, дека ЕК го препознала јасниот напредок на Србија во сите клучни области и дека нема заостанување во реформите во ниту една област.
„Најважно е дека ЕК го препозна јасниот напредок на Србија во процесот на европска интеграција, а тоа е сосема евидентно. Нема ниту една област во извештајот каде што е забележано назадување во однос на минатогодишниот извештај“, рече премиерката.
Таа изјави дека е забележан напредок во сите области, освен во три области каде е забележана стагнација, на пример, во рибарството каде што „не донесовме акционен план“.