Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, коментирајќи ја трагедијата во која загинаа осумте ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“, изјави дека не се согласува со оние кои велат дека системот затаил.
„Не се согласувам со оние кои велат дека системот затаил. Ако системот некаде затаил, ми се чини дека не е во овој случај“, рекла Брнабиќ.
Таа додала дека тој може да затаи во некој друг случај или пример.
„Наше е да видиме дали можеме да направиме нешто подобро“, кажала српската премиерка.
Таа се осврнала и на мерките што денеска ги донесе Владата на Србија на предлог на српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Секој треба да сноси дел од својата одговорност“, изјавила Брнабиќ.
Премиерката истакнала и дека слушнала од различни луѓе, меѓу кои и пратеници од опозицијата и експерти, дека треба да се воведе училишна полиција, обезбедување и видео надзор во училиштата и потврдила дека сето тоа веќе постоело во училиштето каде што се случила пукањето.