188
На регионалната конференција во Нови Сад, премиерката Ана Брнабиќ, коментирајќи го српскиот протест во Рудар, рече дека Србите на Косово се на работ на трпението, на работ на силата и дека денеска се обиделе да апелираат на најдобар можен начин сите меѓународни партнери да покажат разбирање за нивните проблеми.
„Србите на Косово единственото нешто што го сакаат е почитување на владеењето на правото и гарантирањето на човековите права за сите и основните човекови права. Ако некој треба да биде уапсен, да знае зошто, семејството да знае зошто, за да знаат каде е уапсениот, ако е добро, дали примал лекарства ако прима некаква терапија, а не дека луѓето се апсат и се малтретирани само затоа што се Срби“, рече Брнабиќ.