Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнс го поздрави формирањето на новата Влада и н Твитер упати честитки до премиерот Зоран Заев и до мнозинството.

„Честитки за премиерот Зоран Заев и за парламентарното мнозинство по повод формирањето на новата Влада. Како пријател и партнер очекувам соработка со Владата кон континуиран напредок во однос на реформиските цели на ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото“, напиша амбасадорката Брнс на Твитер.
