Иако претходно беше објавено дека единаесетгодишно дете со церебрална парализа, кое го напуштиле двајцата родители и го оставиле со човек кој ниту знае како да се грижи за детето, било сместено во мал групен дом, новинарката Мирослава Брнс на својот Фејсбук профил објави дека денеска никој не дошол да го земе и да го смести.
„На овие дома им рекле дека ќе дојдат утре да го тестираат детето за Ковид и во петок ќе одело во Демир Капија во мал групен дом. Уместо да го фатат да го стават во изолација, а додека чекаат резултат од тестот, да му дадат инфузија, витамини, да го избањаат. Само што зборев со првата комшика на детето која е во изолација пошто имаат дома корона, и вика дека по цели ноќи детето плаче и офка и дека се слуша до кај нив. Зошто има такви бездушни луѓе! Моето разочарување и гнев не може да се опишат. Каква неажурност, каква фарса! Каков срам! До петок да го оставите детето да лежи на черга на патос. Не знам што да кажам. Битно отиде у вести дека ,,сте го згрижиле”. Тоа е најбитно“, напиша таа на својот Фејсбук профил.
https://www.facebook.com/simonovska.miroslava/posts/3151149044971414
Претохдно од Министерството за труд и социјална политика информираа дека стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа и дека за него е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом.