274
Ние сме навистина разочарани од фактот што Република Северна Македонија не ги започна пристапните преговори за членство во Европската унија и постојано ја испраќаме пораката дека земјата е подготвена и ги има исполнето сите услови потребни за влез во ЕУ, рече денеска американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.
– Ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани и во иднина, а го истакнуваме ставот дека иднината на Република Северна Македонија е во продолжување на процесот за членство во ЕУ, изјави Брнз.