Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее. Оваа земја докажа дека има волја да ги искористи промените со кои се соочува, уште на почеток на паденимаијата кога немаше набавки, текстилните компании брзо почнаа со масовно производство, произвеудваа маски, рече амбасадорката на САД, Кејт Брнз.
– Се овозможи помош на најранливите категори, Владата брзо имплементираше широк опсег на мерки кои ги заштитија работните места. Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее, да ги надмине предизвиците. Тука е волјата и енергијата, не само да се излезе посилен од кризата, туку и да се воспостават основи за економија која ќе се движи понатаму. САД ќе породлжи со поддршката зашпто вашиот успех ни е важен, напомена американската амбасадорка.
Северна Македонија, додаде, напорно работи и на подобрување на инфарструктурата, на коридорите 8 и 10.
-Тоа ќе биде уште една придобивка не само за земјата, туку и за регионот. Многу технолошки компании успеаја да воспостават тука свои капацитети, а намалувањето на рестрикциите во овој сектор ќе донесат нови работни места и просперитет, рече Брнз.