Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот, изјави денеска американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.
-По попишувањето на историскиот Преспански договор во 2018 година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, Северна Македонија оствари евидентен чекор напред. Но, овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизамот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели, рече Брнз.