Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД, истакна дека САД ја поддржуваат С. Македонија по нејзиниот европски пат.
-Ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. САД се со вас на тоа искачувње. Без оглед на предизвиците што ни претстоеја јас бев убедена дека односите меѓу САД и Северна Македонија се доволно силни и динамични и дека заедно ќе можеме да се справиме со истите и ќе излеземе порешителни во нашето партнерсто, истакна амбасадорката.
Брнз потенцира дека изминатите три години Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник. Потсети дека во мај земјава беше домаќин на вежбата „Брз одговор“, која беше најголемата воена вежба досега одржана на полигонот „Криволак“.
-АРМ се модернизираше и ги подобри подготвеноста и капацитетите за одговор, а варварскат агресија на Русија врз Украина, народот за кои тие тврдат дека им се браќа и род и со кој имале толку многу заеднички работи не можеше појасно да илустрира зошто денес НАТО е поважно од кога било, кажа Брнз во својот говор пред присутните.