Брнз: САД се разочарани од бугарската блокада, С. Македонија да го продолжи процесот на пристапување кон ЕУ

од Nikola Popovski
360 прегледи

„Како голем поддржувач од влезот на С. Македонија во ЕУ, разочарани сме од бугарската блокада. Двете држави да продолжат со решавање на билатералните спорови, надвор и одделно од ЕУ процесот, што исто така го бара и ЕУ“, изјави американската амбасадорка Кејт Мери Брнз за емисијата „Топ тема“.

„Се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската Унија. Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес“, потенцира Брнз.

Во однос на Преспанскиот договор, таа изјави дека интересот на САД бил напредок на Македонија на нејзиниот евроатлантски пат и имало големи пречки.

„Знаеме дека беше тежок за постигнување и прифаќање, но беше исклучителна важна одлука“, вели амбасадорката.

Слични содржини