Брнз: Северна Македонија треба да го заземе заслуженото место во Европа

од Берта Китинска

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз на денешната прес-конференција изјави дека САД ќе се вклучи во разговорите со сите партнери за придвижување на процесот за преговорите со Бугарија. Таа спомена дека веќе  има разговор со нашата влада како и со соседните земји и земјите низ цела Европа да се придвижи процесот

-Немам конкретна најава во овој момент, освен да потврдам дека САД ќе се вклучат во ова прашање и во разговорите затоа што сите ја делиме истата визија Северна Македонија да го заземе заслуженото место во Европа  се надеваме дека тоа ќе биде бргу, рече американската амбасадорка.

Слични содржини