Во Американската амбасада во Скопје денеска се одржа традиционалната крводарителска акција во чест на жртвите од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година. Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз, која и самата се вклучи во крводарителската акција, најави дека целата помош што ќе биде собрана преку „American corners“ мрежата во земјава, ќе биде донирана за семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.
„Сакам да го изразам моето сочувство за пожарот што се случи минатата недела во Ковид-центарот во Тетово. Како дополнување на напорите што нашата Амбасада ги прави заедно со нашата „American corners“ мрежа, организираме слични акции насекаде во земјава. Сите собрани донации од оваа година ќе ги донираме на Црвениот крст во Тетово со цел да им помогнеме на сите оние кои беа погодени во пожарот“, истакна Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз.